Македонија

Потрошувачката на вода во Прилеп зголемена за 40 проценти

20.07.2023 14:56

Прилепчани се справуваат со жештините. Вода има доволно, потрошувачката зголемена за 40-тина насто. Останува препораката за штедливо трошење. Граѓаните фокусирани на заштитата на здравјето. Проблемот на јавните комунални насочен кон зголемените трошоци. Го актуелизираат прашањето за ново субвенционирање...

Со шише вода в раце и да се заврши некоја работа на жештините. Ако се мора. Поблиску до чешмите фонтаните, под сенките. Прилепчани се справуваат со жештините.

Потрошувачката на вода се зголеми за 40 проценти. Вода има доволно, уверуваат од прилепски водовод. Стабилна е дарежливоста на изворот Студенчица, напомош се и градските извори. Одредени намалувања на дотокот во населби, се објаснува со отстранување дефекти.

Граѓаните со различен став за штедењето на водата.

Нема проблем со водата, но има со трошоците и напластените долгови, јавните комунални претпријатија повторно ги актуелизираат субвенционирањето на струјата и државната помош.

На жештините, останува препораката за штедливо трошење на водата.

 

Елизабета Митреска