Смртно избоден матурант!

19.05.2014 20:25

Убиството се случило во близина на очната клиника во Ѓорче Петров...

Попладнево избодено до смрт е 18 годишно момче, матурант од Ѓорче Петров. Според неофицијалните информации, причината за убиството е банална- момчето си го барало украдениот велосипед.

Убиството се случило во близина на очната клиника во Ѓорче Петров.

Според неофицијалните информации на „Пресс 24“ убиството се случило околу 15 часот, откако осомничениот Насер Е. влегол во дворот на сега убиениот Ангел П. и му го украл велосипедот.

Ангел забележал и заедно со својот татко Сашо, со нивното возило тргнале да го бркаат крадецот. Го бркале до очната клиника каде на насипот дошло до физички контакт меѓу Ангел и Насер, по што 19 годишното момче е прободено.

Убиството предизвика тензии во Ѓорче Петров.