Власта и опозицијата се обвинуваат за рудникот „Иловица“
Одлуката за рудникот „Иловица“ ќе биде врз основа на барањата на граѓаните, вели вицепремиерот Битиќи. Дел од министрите пак, не сакаат да го коментираат вчерашниот став на Бектеши дека спојувањето на концесиите за „Иловица е легално“. За ВМРО-ДПМНЕ, се работи за коалициски договор меѓу СДСМ и ДУИ...

Граѓаните да не бидат загрижени, ќе се водиме од нивната одлука за отворањето на рудникот Иловица – Штука вели вицепремиерот Битиќи. Тврди дека овој случај ќе се води преку институциите, за да не се доведе државата во состојба да се најде пред меѓународна арбитража.
Спасовски одби да ги коментира тврдењата на неговиот колега Бектеши дека министрите имале доволно време да ја разгледаат документацијата за спојувањето на концесиите за Иловица-Штука, наместо тоа го повтори својот став.
„Рудник во Струмица нема да има. Во ниту еден случај“, изјави министерот Спасовски.
Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски случајот со спојувањето на концесиите е јасна. Смета дека се брани приватниот интерес на инвеститор близок до ДУИ.
На владина седница на 26-ти јуни, сите министри го изгласаа спојувањето на концесиите за рудникот Иловица – Штука. Бектеши на брифинг со новинарите рече уште сто пати да се повтори оваа ситуација, уште сто пати би одлучиле идентично“, заради други предмети кои ги имаме во моментов, а се наоѓаат пред меѓународна арбитража“ тврди дека Владата била детално информирана, министрите за оваа точка дискутирале 20 минути и ден претходно сите документи им биле доставени.
Викторија Милевска
