Уставен суд не донесе одлука за Законот за матична евиденција, предметот останува отворен
Уставниот суд на денешната седница ја разгледа иницијативата на политичката партија „Левица“ за оценување на уставноста на Законот за матична евиденција. Но, поради немање мнозинство, одлука не е донесена...

Законот за матична евиденција пред Уставниот суд. Поради немање мнозинство, на седницата не е донесена одлука по иницијативата на „Левица“ за оценување на уставноста. Предметот и натаму е отворен.
Од Уставниот суд велат дека се оспорени три члена од законот, што е различно од предметот во кој е оспорено упатството за водење матични книги и во кој во сила останува т.н. „времена мерка“. Се запира извршувањето на поединечни акти кои произлегуваат од конкретното упатство, сè додека Уставниот суд не донесе конечна одлука. Министерот за правда Лога не се откажува од графата за етничка припадност во матичните изводи.
Претходно, на 29-ти мај годинава, Министерството за правда донесе упатство за водење на матичните книги со кое е предвидено во изводите од матичните книги да има и графа за етничката припадност, односно националност. Уставниот суд на седница одржана на почетокот на овој месец со времена мерка го запре упатството за издавање на овие лични документи.
Ана Јосифоска Тодоровска
