Политика

Спротивни ставови на власта и опозицијата за уставните измени

20.07.2023 15:54

Власта бара натпартиски консензус за отворање на Уставот. Не може да се зборува за национален консензус, единствено е потребен договор за предвремени избори, вели Мицкоски...

Mина времето за консензус за уставните измени, сега е време за консензус за предвремени избори – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, коментирајќи го премиерот Ковачевски. Апсурдно е објавувањето на текстот на измените, сега кога истиот е непотребен, вели Мицкоски, бидејќи треба со двотретинско мнозинство најпрвин да се гласа потребата за измени во највисокиот државен акт. Уставните измени под диктат се додворување кај надворешниот фактор и коленичење за нов мандат.

Социјалдемократите наспроти опозицијата оптимисти дека процесот со уставни измени ќе мине без проблеми при гласањето.Оостануваат на ставот дека и опозициските пратеници немаат ништо против бугарите да влезат во Уставот. Бугарите ја сменија реториката и не велат веќе дека се еден народ во две држави, вели партискиот портпарол Каевски.

И додека власта уверува дека измените во Уставот се последното барање на Бугарија, претседателот Радев, изјави дека-тоа е првиот многу важен и задолжителен чекор, но не и последниот. За него во протоколите меѓу двете земји, опишани се следните чекори на кои Бугарија ќе инсистира, јазикот на омразата, медиумите, учебниците, натписите во музеите, отворање на архивите на УДБА и рехабилитација на репресираните лица.

 

Миле Ристески