Охрид
Настанот „На зајдисонце“ од денеска во Трпејца
20.07.2023 16:55
Од денеска до 28 јули ќе се одржува културно-забавниот настан „На зајдисонце“ по 12-ти пат, во охридското туристичко село Трпејца...

Од денеска до 28 јули ќе се одржува културно-забавниот настан „На зајдисонце“ по 12-ти пат, во охридското туристичко село Трпејца.
Настанот го организира Здружението „За Трпејца со љубов“, a ќе содржи изложби, проекции на документарни филмови, претстава и повеќе забавни активности.
Отворањето е вечерва во 20.30 часот, со изложба на дела на Интернационалната уметничка колонија што се одржува во Трпејца, а ќе следува музички дел.
