Почнуваат подготовките на машката сениорка репрезентација на Македонија
Машката сениорска репрезентација на Македонија ги започнува подготовките за она што следува во наредниот период, настапот на претквалификацискиот олимписки турнир кој од 12. до 20. август ќе се одржи во Талин (Естонија) и Гљивице (Полска)...

Машката сениорска репрезентација на Македонија ги започнува подготовките за она што следува во наредниот период, настапот на претквалификацискиот олимписки турнир кој од 12. до 20. август ќе се одржи во Талин (Естонија) и Гљивице (Полска).
Селекторот Александар Јончевски, и неговите соработници од стручниот штаб, го одредија поширокиот список на кошаркари на кои ќе смета за наредните репрезентативни активности.
На 24. јули (понеделник), од 18. часот, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, е предвиден почетокот на подготвителниот период.
Фото :/ КФСМ
