Временска прогноза

Сончево и многу топло со температурa до 41 степен

21.07.2023 08:54

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе изнесува 10.

Во Скопје претежно сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.

До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ индексот во поголем дел од земјава ќе има многу висока вредност 10.