Нови руски напади врз Одеса
Откако Русија објави дека сите бродови што пловат до украинските пристаништа во Црно Море ќе се сметаат за воен товар, Украина го најави истиот потег. За Киев цели се бродовите кои пловат кон руските пристаништа, Москва пак, демантира дека ќе напаѓа цивилни пловила...

Нови напади врз Одеса. Уништи 100 тони грашок и 20 тони јачмен, објави гувернерот на регионот. Откако Русија објави дека сите бродови што пловат до украинските пристаништа во Црно Море ќе се сметаат за воен товар, Украина го најави истиот потег. За Киев цели се бродовите кои пловат кон руските пристаништа, Москва пак, демантира дека ќе напаѓа цивилни пловила. На Киев му се потребни дополнителни системи за одбрана, вели Зеленски.
„Нашите воини успеаја да соборат некои од непријателските ракети и беспилотни летала. Но, за жал, капацитетот на украинската воздушна одбрана сè уште не е доволен за да го заштити целото украинско небо. Работиме со нашите партнери што е можно поактивно за да добиеме дополнителни системи за противвоздушна одбрана кои можат да обезбедат мир и безбедност на нашата Одеса и на сите други градови“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Белата куќа изрази загриженост дека Русија може да ги прошири своите напади врз украинските силоси и цивилниот транспорт. Меѓу другото, од Вашингтон потврдија дека Киев успешно ја употребува касетната муниција.
Европската унија во следните четири години ќе обезбеди 20 милијарди евра за потребите на украинската војска, потврдија министрите за надворешни работи во Брисел.
