Свет

Северна Кореја ги обвини САД и Јужна Кореја за ескалација на тензиите во регионот

21.07.2023 09:48

Пјонгјанг објави дека на распоредувањето на американските носачи на авиони, бомбардери и подморници во Јужна Кореја ќе одговори со нуклеарно оружје...

Пјонгјанг објави дека на распоредувањето на американските носачи на авиони, бомбардери и подморници во Јужна Кореја ќе одговори со нуклеарно оружје.

Министерот за одбрана на Северна Кореја ги обвини САД и Јужна Кореја дека ги ескалираат тензиите во регионот. Ако Северна Кореја нападне со нуклеарно оружје, ќе мора да се пресмета со крајот на нејзиниот режим, предупреди јужнокорејското Министерство за одбрана.

Заканата следи откако претходно американски војник ја премина границата меѓу Јужна и Северна Кореја. Сè уште нема коментар од официјален Пјонгјанг за инцидентот.