Нетанјаху ќе продолжи со контроверзните судски реформи
И покрај масовните протести низ целата земја, ќе продолжат контроверзните судски реформи, најави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Илјадници луѓе вечерва протестираа со тапани и труби во Тел Авив...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека ќе продолжи со контроверзните судски реформи и покрај масовните протести низ целата земја и зголемените предупредувања од армиските резервисти дека нема да се пријават на должност и молбите од американската администрација да го прекине планот.
„Сакам да ве уверам сите, во секоја ситуација Израел ќе продолжи да биде демократски и ќе продолжи да биде либерална земја. Ќе ги заштитиме сечии индивидуални права“, порача израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.
Илјадници луѓе вечерва протестираа со тапани и труби во Тел Авив, каде полицијата растера дел со водени топови, а други во поворка тргнаа кон Ерусалим, оддалечен 70 километри, каде што следната недела треба да гласа Кнесетот, а демонстрантите таму ќе кампуваат.
