Лицата со дијабетес денеска на мирен предупредувачки протест пред Министерството за здравство
Протестот е во организација на Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија и истиот е најавен за 19 часот. Од Сојузот велат дека и покрај тоа што има најиновативна инсулинска и анти – дијабетна терапија, тие не ја добиваат...

Лицата со дијабетес денеска ќе излезат на мирен предупредувачки протест за безбеден и квалитетен живот. Протестот е во организација на Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДСМ) и истиот е најавен за 19 часот.
Од Сојузот велат дека и покрај тоа што има најиновативна инсулинска и анти – дијабетна терапија, тие не ја добиваат.
„По најдолгото трпение, најголемата конструктивност, најпосветени за соработка, по многу инвестирање во нашето достоинство на лицата со дијабетес, завршија сите рокови логички, правни, измислени и смислени игри и манипулации. Заврши времето на лаги на 150.000 граѓани, на 45.000 лица со дијабетес на инсулин. Министерство за здравство ги манипулираа 700 дечиња и млади со пумпи, сетови за пумпи, сензори, глукомери и со терапија. Имаме најиновативна инсулинска и антидијабетска терапија, но не ја добивме“ се вели во соопштението испратено од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија.
Министерот за здравство, Фатмир Меџити, вели дека е свесен за проблемот на лицата со дијабет, а доцнењето според него се јавува поради административните процедури.
