Македонија

Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР бара информации за системите „Пегасус“ и „Предатор“

21.07.2023 12:40

Информација за системите за следење на „Пегасус“ и „Предатор“, побараа од Комисијата за надзор над работата на АНБ и Агенцијата за разузнавање, најдоцна до 18-ти август. Од МВР, бараат да достават писмен извештај...

Информација за софистицираните системи „Пегасус“ и „Предатор“, за нивното производство, продажба, користење и можни злоупотреби треба да биде доставена до Собраниската комисија за надзор на овие институции-најдоцна до 18-ти август, ова е заклучокот кој беше усвоен на седницата на надлежната комисија во Собранието.

Ова прашање од собраниската говорница беше поставено на почетокот од годинава, на кое тогаш одговори претседателот на Владата Ковачевски дека не е регистрирана употреба на вакви системи. По ставањето на американската „црна листа“ на фирмата производител на софтверот-велат од ВМРО-ДПМНЕ, нелогично е САД да смета тоа претставува закана за нивната националната безбедност, а нашите институции да молчат. Побараа МВР да достави писмен извештај за ова прашање.

„Свесно се употребува или несвесно, а институциите не се свесни за тоа значи дека немаат капацитет“, рече Ковачки.

Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност, до крајот на месецот ќе ја изврши третата надзорна посета на овие институции.

 

 

 

Марина Стојанова-Тонева