Хуманитарна акција за помош на Србија и БиХ

20.05.2014 09:32

Во рамки на акцијата ќе бидат донирани флаширана вода, средства за лична хигиена, пелени, храна и бебешка храна...

Вработените во Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во соработка со Црвениот крст на Република Македонија денеска организираат акција за собирање на материјални средства за настраданите во Босна и Херцеговина и Србија.
 
Во рамки на акцијата ќе бидат донирани флаширана вода, средства за лична хигиена, пелени, храна и бебешка храна, кои преку Црвениот крст ќе бидат доставени до настраданите.