Собрание

Стратегија за менталното здравје на младите

21.07.2023 15:06

Депресија, анксиозност, самоповредувачки мисли и насилството се драматично зголемени. Оваа состојба е загрижувачка, особено по Ковид-кризата-покажало истражувањето на Клиниката за психијатрија и УНИЦЕФ. Според добиените резултати, изготвена е институционално-националната стратегија која во наредниот период Министерството за здравство ќе ја поднесе до Владата. Еден од главните заклучоци е дека во државата недостига психолошка писменост...

Депресија, анксиозност и самоповредувачки мисли се зачестена состојба кај младите во Македонија по ковид кризата. Ова го покажало неодамнешното истражување на Клиниката за психијатрија и УНИЦЕФ по кое беше изработена стратегија за подобрување на состојбите. Во Собранието во клубот на млади пратеници на јавна дебата се образложуваа потребите на кои итно мора да се работи. Еден од главните општествени недостатоци е недостатокот од психолошка свест.

Пратениците се свесни дека институциите мораат заеднички да работат на подобрување на состојбите, а државата да издвои финансиски средства.

Во наредните два месеца Министерството за здравство ќе ја поднесе стратегијата до Влада.

 

 

Катерина Топалова