Италија
Во Италија запленети 5,3 тони кокаин
21.07.2023 15:22
Италијанските власти запленија рекордни 5,3 тони кокаин во близина на јужниот брег на Сицилија...

Италијанските власти запленија рекордни 5,3 тони кокаин во близина на јужниот брег на Сицилија. Вредноста на пратката се проценува на 850 милиони евра, пет лица се уапсени. Полицијата го следела бродот кој испловил од Јужна Америка до италијанскиот брег.
Леталото за надзор ги забележало пакетите кои криумчарите ги фрлале од палубата во водите на сицилијанскиот теснец, каде требало да ги преземе рибарски брод кој ја чекал пратката.
