Работилница

Едукативна работилница за деца на тема 60 години од скопскиот земјотрес

21.07.2023 15:35

По повод 60-годишнината од скопскиот земјотрес, а во рамките на серијата настани „Земјотресна недела“, вечерва од 19 до 20.30 часот во Културниот центар „Бруталиск“...

По повод 60-годишнината од скопскиот земјотрес, а во рамките на серијата настани „Земјотресна недела“, вечерва од 19 до 20.30 часот во Културниот центар „Бруталиск“ ќе се одржи едукативна работилница за деца и млади. Инспирација за работилницата е книгата за деца на Александра Тодоровиќ „Љубов голема колку Скопје“, каде таа градот го претставува преку една љубовна приказна.

Александра ги води децата низ едно несекојдневно патување во времето преку игри со временски капсули, пишување стари писма, како и разгледи на Скопје пред земјотресот.