ДЗР

ДЗР: Владата доделила повеќе пари за себе, помалку за судството

21.07.2023 16:59

Владата минатата година, одобрила пет пати повеќе пари од планираното за Министерството за транспорт, за себе 2,5 пати повеќе од предвиденото, а на судската власт и биле префрлени 40 милиони евра...

Владата минатата година, одобрила пет пати повеќе пари од планираното за Министерството за транспорт, за себе 2,5 пати повеќе од предвиденото, а на судската власт и биле префрлени 40 милиони евра, или 63 насто помалку од законски утврдениот лимит – покажува ревизорскиот извештај за буџетот за 2022 година. јавното обвинителство добило само 10 милиони евра, а тоа според ревизијата е само половина од она што им следува.

Ова според ревизорите е резултат на ковид-кризата и други антикризни мерки кои не биле планирани при кроењето на буџетот.

Од оваа институција велат дека постојано се известува за одобрените буџети на државните корисници, односно дека не се во согласност со реалните потреби за поставените цели. имајќи го предвид обемот на надлежностите, големината на буџетот, кадровската екипираност на владата, поставеноста на внатрешната контрола и контролата на доделените пари по основ на владини програми, потребно е да се преиспита актуелниот начин на буџетирање и да се распределат средствата на институциите според законските надлежности.