Во Кичево се гради фабрика за биогас

20.05.2014 09:48

Капацитетот на фабриката е производство на околу 3.000 кубни метри биогас на ден, а нејзината вредност е над еден милион евра...

Во индустриската зона „Иванидол 2“ во Кичево вчера започна изградбата на фабрика за производство на биогас, инвестиција на кичевчанец на привремена работа во Швајцарија.

Капацитетот на фабриката е производство на околу 3.000 кубни метри биогас на ден, а нејзината вредност е над еден милион евра.

„Оваа фабрика покажува дека се движиме во добра насока и дека развојот на општината ќе се движи со брзи чекори. Ваквите капацитети покрај што придонесуваат за екологијата се значајни и за развојот на економијата, бидејќи во фабриката ќе се вработат многу луѓе со што ќе се намали невработеноста во Кичево и пошироко“, изјави градоначалнкиот на Кичево, Фатмир Дехари.