Меџити: Министерството е партнер на лицата со дијабет, заедно ќе ги надминуваме предизвиците
Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити денеска на состанокот ги сослуша барањата на лицата со дијабет, имаме целосно разбирање за нивните барања и предизивиците со кои се соочуваат...

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити денеска на состанокот ги сослуша барањата на лицата со дијабет. Како Министерство имаме целосно разбирање за нивните барања и предизивиците со кои се соочуваат. Како што информираше министерот на состанокот утрово, ги преземаме сите мерки за да се излезе во пресрет на барањата на лицата со дијабетес. Обезбедувањето на квалитетна здравствена заштита за нив е приоритет, а Министерството секогаш ќе биде нивни партнер.
Министерот дополнително информираше дека се работи на системско решение со кое нема да се дозволи доцнење на набавките во иднина.
