Прилеп

За 60 насто повеќе интервенции на Итната помош во Прилеп

22.07.2023 08:38

Жешкото време го зема данокот во нарушувањата на здравјето. Итната помош од Прилеп има полни раце работа. За 60-тина насто се зголемени интервенциите на терен, за 30 амбулантски прегледи повеќе од вообичаеното. Хроничните болни најмногу бараат лекарска помош, ама во опасност се и здравите организми. Зачестени се каснувањата и од змии, за среќа без фатални последици. Препораките на лекарите остануваат за заштита на здравјето...

Пет каснувања од змии, за среќа без фатални последици, вртоглавици, зголемени притисоци, респираторни проблеми. Најмногу интервенции кај хронично болните, влијание и на здравиот организам. Топлотниот бран за 60-тина насто ги зголеми интервенциите на терен на прилепската служба за Итна помош. Персоналот се снаоѓа како знае и умее да им излезе во пресрет на граѓаните.

Службата е екипирана, ама апелот мора да се повтори за да се зачува здравјето на дури 40 степени.

Службата за итна помош е надлежна за здравјето на околу 100.000 жители во прилепскиот регион.

 

Елизабета Митреска