МЕПСО со предупредување до земјоделците
АД МЕПСО ги предупредува земјоделците во екот на сезоната за наводнување и на жетва, да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со дополнителната земјоделска опрема во близина на далеководите од преносната мрежа...

АД МЕПСО ги предупредува земјоделците во екот на сезоната за наводнување и на жетва, да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со дополнителната земјоделска опрема во близина на далеководите од преносната мрежа. Од исклучително значење е земјоделците да се придржуваат кон следните напаствија:
-Не поминувајте со комбајни или друга робусна земјоделска механизација под проводниците;
-Не поставувајте цевководни системи за наводнување под проводните јажиња во далноводните траси;
-Не ги кревајте во височина (вертикално) металните цевки од системите за наводнување под проводните јажиња на далекуводите бидејќи металот е проводник на електрична енергија и се изложувате на огромен ризик;
-Не ги поставувајте прскалките за наводнување под проводните јажиња и во безбедносните коридори на далноводите од преносната мрежа. Допирот на водениот млаз со проводните јажиња може да биде кобен по живот на лица кои се наоѓаат под трасата на далеководот;
-Не палете стрништа во близина на далековод бидејќи се загрозува доверливоста на електроенергетскиот систем.
Дополнително апелираме спортските риболовци да бидат особено внимателни при манипулација со риболовните стапови во близина на далеководи, а граѓаните да не вршат градежни работи на трасите на далеководите, под јажињата за пренос на електрична енергија.
Да бидеме одговорни и да се грижиме за сопствениот и за животот на другите!
Не загрозувајте ја доверливоста на електропреносниот систем!
