Годинава ќе се обележува добитокот во свињарските фарми
20.05.2014 09:55
Трошоците за првото маркирање се бесплатни и ги плаќа државата...

Ветеринарните друштва ќе вршат регистрација на свињарските фарми, и ќе почне обележувањето на добитокот со ушни маркички.
Маркирањето е законска обврска на сточарите, а во системот на евиденција ќе мора да бидат внесени сите животни.
Маркирање ќе биде во договор со ветеринарните станици без да се совпаѓа со обејежувањето на овците и говедата.
Секое животно во кланица или на пазар ќе мора да има ушна маркичка и пасош со податоци за одгледувањето.
Покрај бројната состојба, ќе се контролира и трговијата на живиот добиток и месото, а ќе има и увид во потеклото и квалитетот на производите.
Методија Трајков
