Багдад

Продолжуваат протестите против палењето на Куранот во Европа

22.07.2023 09:34

Стотици поддржувачи на шиитскиот свештеник Ал – Садр одржаа протест во Зелената зона на Багдад...

Стотици поддржувачи на шиитскиот свештеник Ал – Садр одржаа протест во Зелената зона на Багдад поради револт кон палењето на Куранот во неколку европски земји.

Последниот собир е организиран откако антимуслиманските демонстранти ја уништија светата книга на Исламот пред ирачката амбасада во Данска.

Вакви инциденти претходно беа реализирани и во Шведска.