Регион

Ново невреме над Балканскиот полуостров

22.07.2023 15:57

Ново невреме над Балканскиот полуостров. Во Србија и Босна – поројни дождови и силен ветер. Во летната бура, втора по ред неделава, има и жртви и повредени...

Ново невреме над Балканскиот полуостров. Во Србија и Босна – поројни дождови и силен ветер. Во летната бура, втора по ред неделава, има и жртви и повредени.

На повеќе локации се пријавени откорнати дрвја и покриви. Властите ги советуваа граѓаните да останат во затворен простор.

Ново предупредување за силно невреме и во Словенија и Хрватска. Во Грција се прогнозираа температури и до 45. Целзиусов степен. Туристичките атракции ќе бидат затворени во најжешките делови од денот овој викенд.