ВМРО-ДПМНЕ: „Иловица“ бизнис зделка на СДСМ и ДУИ
Како се споени концесиите за рудникот за злато и бакар Иловица во Струмичко? Можно ли е 24-годишник со сомнителен капитал да го купи трговскиот центар Соравија? Ова се прашањата кои ги постави ВМРО-ДПМНЕ на денешниот саем посветен на младите, посочувајќи на вмешаноста на владејачката ДУИ. Во СДСМ исто така прашаа, зошто опозицијата не гласаше во Собранието за Законите кои носат добробит за граѓаните...

Рудникот Иловица, е доказ за бизнис зделките на коалицијата СДС-ДУИ оцени Марија Митева на саемот на проекти за млади. Нагласи дека во моментов лице блиско до партијата на ДУИ влегува со удел како концесионер и магично после само 15 дена од тоа, односно, по низата реакции во јавноста, Управен суд носи одлука за поништување на одлуката за раскинување на концесијата. Истовремено синхронизирани се и изјавите на дел министрите доведени во заблуда од нивни колеги, и нивно појавување на протести.
„Не слушнавме одговор, како биле доведени во заблуда, зошто дозволиле да има Дестани дозвола да влезе во сопственичкиот удел иако владата можела тоа да го спречи и уште едно прашање дали Дестани има поднесено студија за заштита на животната средина до надлежното министерство? Нашите информации говорат дека нема“, изјави Марија Митева.
Младите со оваа влада постојано гледаат неправди, се е поврзано си криминал и корупција, тоа им создава незадоволство и сакаат да се иселат. Власта им продава приказни дека 24 годишен анонимус може да ја купи Соравија, а во истовреме платите се зголемиле за 59% или се достигнува висина на плата со која едвај може да се прехрани едно семејство, посочи Димитриевска Ковачевска
Од социјалдемократскиот сојуз информираат дека граѓаните можат да очекуваат финансиско растеретување. Донесени се измени на закони со кои им се излегува в пресрет на граѓаните кои со години се соочуваат со должничко ропство, велат од СДСМ.
„Со измените на законите за облигациони односи и извршување, ставаме крај на огромните камати. Сега, каматата нема да смее да го надминува износот на главниот долг, а рокот за застарување на долговите го намаливме од 10 на 5 години. Со тоа ставаме крај и на енормното богатење на извршителите врз грбот на граѓаните кои со децении беа заглавени во долгови“, изјави Колева.
Додека парламентарното мнозинство предводено ги носеше овие законски измени, пратениците од ДПМНЕ и Левица не гласаа „за“, со што уште еднаш потврдија дека за нив потребите на граѓаните се на последно место, велат во СДСМ.
Марина Стојанова-Тонева
