Регион

Се евакуираат туристи на грчкиот остров Родос, пожарот и понатаму вон контрола

22.07.2023 19:03

Веќе петти ден огнената стихија ги принудуваат грчките власти да издаваат наредби за евакуација на островот Родос...

Веќе петти ден огнената стихија ги принудуваат грчките власти да издаваат наредби за евакуација на островот Родос.

Во моментов огнот се шири на четири локации, вклучувајќи два приморски хотелски капацитети. На жителите и на туристите им се испратени пораки по мобилен да се преместат од кризните места кон северозапад и кон југозапад од островот.

Пожарите се шират поради крајно високата температура и ветерот, според локалните медиуми опожарени биле три хотели на Родос.