Втора година по ред со средства од Фондацијата „Каплан“ од САД, се работи на Теодосијанската палата во Стоби
На археолошкиот локалитет се реализира проект на филантропската Фондација „Каплан“ од САД, вреден 300 илјади долари. Со него во период од три години се испитува Теодосијанската палата...

Втора година по ред на археолошкиот локалитет Стоби се реализира проектот на филантропската Фондацијата „Каплан“ од САД, вреден 300 илјади долари. Со него се испитува Теодосијанската палата. Проектот треба да се реализира во период од три години, годинава археолозите излегоа и работат на терен.
Со дел од добиените средства конзерваторите, ќе се обучуваат и едуцираат со нови методи и пристапи на конзервација, кои се актуелни и се користат во светот. Се работи на Теодосијанската плата, која се смета дека е најбогатиот објект во локалитетот Стоби.
Во 388 г. императорот Теодосиј го посетил Стоби и тука издал два религиозни едикти со кои се забранува собирање на еретиците и јавни дискусии за верата. Верувањето е дека императорот престојувал во платата која е најбогата во населбата а во Стоби била токму таа, поради што го добила името Теодосијанска.
Петар Печков
