Фудбал
Работнички со победа во Словенија
23.07.2023 10:23
Победата за Работнички ја донесе Атдхе Мазари, кој во 68 минута постигна погодок за 2:1, што на крајот беше и конечен резултат...

Работнички во контролен натпревар беше подобар од словенечкиот второлигаш Бриње со 2-1, во натпреварот во вториот тест. Победата за Работнички ја донесе Атдхе Мазари, кој во 68 минута постигна погодок за 2:1, што на крајот беше и конечен резултат.
Работнички дојде во водство во 19. минута, кога по акцијата од левата страна, реагираше Влатко Стојановски, а топката на патот кон голот удри во еден противнички фудбалер.
Бриње израмни во 62. минута од пенал, откако беше досудена најстрога казна поради играње со рака во шеснаесетникот.
Фото :/ ФК Работнички
