Кошарка

Кожув и Лирија без право на кикс во реваншот

20.05.2014 10:43

Вечерва се играат реванш натпреварите од полуфиналната “плеј оф“ серија во кошаркарското првенство на Македонија. Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички го искористија домашниот паркет во првите натпревари, и вечерва им гостуваат на своите противници во серијата до два добиени натпревара. Во салата “26 април“ во Гевгелија екипата на Кожув го пречекува Работнички, и со евентуална победа би се изборилое за трет решавачки дуел за пласман во финалето. Во спротивно, екипата на Работнички уште вечерва може ќе биде промовирана во финалист.

Вечерва се играат реванш натпреварите од полуфиналната “плеј оф“ серија во кошаркарското првенство на Македонија. Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички го искористија домашниот паркет во првите натпревари, и вечерва им гостуваат на своите противници во серијата до два добиени натпревара. Во салата “26 април“ во Гевгелија екипата на Кожув го пречекува Работнички, и со евентуална победа би се изборилое за трет решавачки дуел за пласман во финалето. Во спротивно, екипата на Работнички уште вечерва може ќе биде промовирана во финалист. Натпреварот се игра во 19.30 часот со пренос на МРТ Собранискиот сервис.

Претходно од 19 часот во салата “Кале“ во Скопје, Лирија му е домаќин на МЗТ Скопје во меч во кој Чаирчани се во идентична позиција како и Кожув. Со победа Лирија ќе ја пролонгира серијата и ќе се избори за мајсторка, а доколку шампионот слави ќе ја продолжи низата на успеси во сезоната во која на куп титулата придодаде 10 победи во Супер лигата и една во разигрувањето за шампионскиот трофеј.