Евакуација на грчкиот остров Родос
Илјадници туристи и локални жители се евакуирани по копно и по вода од островот Родос, Грција поради пожарите...

Илјадници туристи и локални жители се евакуирани по копно и по вода од островот Родос, Грција поради пожарите кои постојано се разгоруваат во близина на најатрактивните туристички локации. Огнот се распламти пред шест дена во централниот дел од островот при што изгоре шумски предел од планинската област.
Спасувачките операции се попречени од силниот ветер. На терен се над 200 пожарникари и три авиони и пет хеликоптери. Во тимот се вклучени и словачки пожарникари. Во Босна, Хрватска и Србија вчера се случи повторно невреме.
Регистрирани се прекини во снабдувањето со електрична енергија. Издадено е портокалово предупредување за хрватските острови.
