Шпанија

Предвремени парламентарни избори во Шпанија

23.07.2023 09:11

Предвремени парламентарни избори во Шпанија. Гласачите одлучуваат меѓу нов мандат за социјалистите на премиерот Педро Санчез или шанса за десницата предводена од Алберто Фејхо...

Предвремени парламентарни избори во Шпанија. Гласачите одлучуваат меѓу нов мандат за социјалистите на премиерот Педро Санчез или шанса за десницата предводена од Алберто Фејхо чијашто Народна партија води во анкетите.

Право на глас имаат 37,5 милиони Шпанци, а два и пол милиони веќе гласаа по пошта. Фејхо треба да освои 176 места во Долниот дом на парламентот, за да добие апсолутно мнозинство. За таа цел веројатно ќе му треба поддршка од екстремната десница Вокс.

Овие две партии веќе склучија договор за владеење во неколку места во земјата, по локалните избори на 28 мај. Со вакви сценарио, во Шпанија би се вратило владеењето на ултрадесницата речиси 50 години по крајот на диктатурата на Франко.