Мексико

Подметнат пожар во ноќен клуб во Мексико

23.07.2023 09:14

Десетина лица загинаа, а шестмина се повредени во пожар во ноќен клуб во Мексико...

Десетина лица загинаа, а шестмина се повредени во пожар во ноќен клуб во Мексико. Маж кој претходно вознемирувал група жени бил истеран од објектот, па се вратил и го опожарил.

Инцидентот се случил во Сан Луис Рио Колорадо, на границата со Аризона.

Осомничениот е приведен на воен контролен пункт.