Фудбал

Операцијата Камерун и Катар денеска започнува

20.05.2014 10:51

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска заминува на „мини-турнеата“ во Австрија и Италија во која ќе одигра два пријателски натпревари против селекциите на Камерун и Катар.Првата подготвителна база на македонскиот тим е местото Куфштајн во Австрија. Селекторот Бошко Ѓуровски денеска ќе го одржи и првиот тренинг со играчите, кои му се на располагање.
 
Од списокот на повиканите фудбалери дефинитивно ќе отсуствуваат Хасани, Шиков и Адеми поради повреди како и Бабунски, Георгиевски и Костовски, кои сеуште имаат натпреварувачки обврски во своите клубови. Македонија првиот меч ќе го има против „мундијалскиот“ состав на Камерун  на 26 мај во Куфштајн, а четири дена подоцна следи дуелот со Катар во италијанскиот град Риети.