САД испраќаат помош за настраданите во поплавите во регионот

20.05.2014 10:54

Американскиот Стејт Департмент изрази сочувство сите луѓе во Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска коишто настрадаа во поплавите и испрати хуманитарна помош за настраданите.

Американскиот Стејт Департмент изрази сочувство сите луѓе во Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска коишто настрадаа во поплавите и испрати хуманитарна помош за настраданите.

„Изразивме подготвеност да помогнеме на владите и луѓето во овие земји коишто жалат по загинатите и се справуваат со значителните штети од природната катастрофа. Продолжуваме да ја набљудуваме ситуацијата и работиме во координација со властите, невладините организации за помош и меѓународните донатори за давање помош на луѓето и заедниците што се најпогодени. Нашите амбасади во Босна и Херцеговина и Србија започнаа процес на обезбедување на дополнителни фондови и средства за помош од катастрофата. УСАИД испрати експерти во Босна и Херцеговина и во Србија да помогнат при спасувањето со чамци, Департментот за одбрана донираше полски кревети, ќебиња, вода и гориво, подвижни кујни, греачи, генератори и пумпи за вода. Подготвени сме да испратиме и дополнителна помош доколку има потреба“, се наведува во соопштението од Стејт Департментот.