Невреме
Краткото невреме предизвика многу штети низ Македонија
23.07.2023 22:33
На повеќе локации има откорнати дрвја, најмногу во скопските населби Драчево, Лисиче и Чаир, известуваат од ЦУК. Североисточните делови од земјава попладнево беа зафатени од невреме...

Околу четириесет повици се регистрирани до Центарот за управување со кризи поради невремето што го зафати Скопје.
На повеќе локации има откорнати дрвја, најмногу во скопските населби Драчево, Лисиче и Чаир, известуваат од ЦУК. Североисточните делови од земјава попладнево беа зафатени од невреме проследено со пороен дожд, силен ветер и електрични празнења, а наместа и град.
Град и силен ветер имаше и на истокот во земјава, во Пробиштип, Виница и Кратово.
