Литература
Објавено јубилејното издание на творештвото на поетесата Даница Ручигај
24.07.2023 08:47
По повод шеесетгодишнината од смртта на првата македонска поетеса и основоположничка на т.н. женско писмо во македонската поезија и литература воопшто...

По повод шеесетгодишнината од смртта на првата македонска поетеса и основоположничка на т.н. женско писмо во македонската поезија и литература воопшто, Даница Ручигај, во скопскиот катастрофален земјотрес на 26 јули 1963 година, деновиве од печат излезе јубилејното издание на целокупната нејзина поезија „Сребрени ноќни игри и Заробеници на ветрот“.
Делото го подготвија Свето Стаменов и Искра Чолаковиќ. Ручигај остави неизбришливи траги не само во современата македонска литература, туку и во македонската култура воопшто.
