Алармантно во Хрватска и во БиХ
20.05.2014 10:56
Над 3.000 свлечишта се активирани во Босна. Како црни дупки голтаат цели населби...

Алармантан е состојбатa во Босна и Херцеговина и во Хрватска.Се евакуираат цели региони. Бројот на изчезнати расте. Над 3.000 свлечишта се активирани во Босна. Како црни дупки голтаат цели населби.
Има голема опасност и од мини од граѓанската војна. Најризична е ситуацијата во Брчко. Поради тешката состојба предизвикана од природната несреќа, во Босна и Херцеговина е прогласен ден на жалост.
За денеска е закажана вонредна седница на претседателството. Претходно беше објавено дека е пробиен насипот на Сава на неколку места, но со големи напори било намалено истекувањето на водата.
