Македонија

Зголемена фрекфенција на граничните премини

24.07.2023 08:56

Според информациите во него, за излез од државата на „Богородица“ кон Грција и за влез на „Табановце“ од Србија се чека по околу половина час...

Зголемена фреквенција на возила утрово има на два гранични премини во државата, констатира АМСМ во најновиот извештај.

Според информациите во него, за излез од државата на „Богородица“ кон Грција и за влез на „Табановце“ од Србија се чека по околу половина час. АМСМ препорачува адаптирана брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.