Грција

Пожари на Крф и Пелопонез

24.07.2023 09:04

Во Грција вчера избиле 64 пожари, наредени евакуации и на Крф …

Противпожарните екипи во Грција се борат со 82 пожари низ целата земја, од кои 64 почнаа вчера, денот кој беше проценет како најтоплиот годинава.

Евакуации се спроведуваат на североисточната страна на островот Крф и во северен Пелопонез. Во спасувачките акции се вклучени и приватни пловила.