Победа за конзервативната Народна партија во Шпанија
Лидерот на шпанската опозициска конзервативна Народна партија (ПП), Алберто Нуњез Фејо, победи на предвремените избори...

Лидерот на шпанската опозициска конзервативна Народна партија (ПП), Алберто Нуњез Фејо, победи на предвремените избори, но и со поддршка на екстремната десница Вокс, тој нема мнозинство во парламентот. Двете партии заедно освоија 176 пратенички места што е за седум мандати помалку од апсолутно мнозинство.
„Веројатно ќе ги повториме изборите, не се согласувам со тоа, но тие треба да се договорат меѓу себе, комплицирано е. Постои поделеност во земјата“, изјави жител.
„Се надевам дека Феихо ќе има храброст да продолжи. Ја има поддршката од сите Шпанци. Се надевам дека ќе нè води напред и ќе создаде голема Шпанија“, изјави друг жител.
Излезноста на вчерашните избори надмина 70 отсто.
