Соборени дронови над Москва
Според руското Министерство за одбрана биле соборени два украински дрона кои се движеле кон Москва...

Според руското Министерство за одбрана биле соборени два украински дрона кои се движеле кон Москва. „Беспилотните летала целеле кон ненаселени објекти, нема повредени ни материјална штета“, потврди градоначалникот на руската престолнина Собијанин.
„Имаше експлозија, спиев и ме разбуди. Се се тресеше, се исплашив. По час и половина, излеговме да видиме што се случило“, изјави жителка.
„Се разбудив од силниот звук, кучето почна да лае. Првин беше потивок, потоа се засили. Сфативме дека е нешто во оваа деловна зграда“, изјави жител.
Шефот на Кремљ, Путин повтори дека украинската контраофанзива пропаднала. Од Киев возвратија – неточни се тврдењата на Москва, одложена е само поради недостиг од муниција.
