МВР

169 санкционирани возачи во Скопје, 82 за брзо возење

24.07.2023 09:26

На територија на град Скопје изречени се вкупно 169 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 82 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за возење под дејство на алкохол...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден,  продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 169 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 82 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за возач почетник.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.