Свет
Земјотрес го погоди Крит
24.07.2023 09:27
Според Геодинамичкиот институт, епицентарот на земјотресот бил лоциран на четири километри југозападно од Аркалохори...

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди грчкиот остров Крит.
Според Геодинамичкиот институт, епицентарот на земјотресот бил лоциран на четири километри југозападно од Аркалохори.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 8,4 километри.
Земјотресот бил почувствуван и во околните места, бидејќи епицентарот бил на копно.
