МОБ: Изведба на „Фауст“ за хуманитарни цели

20.05.2014 11:05

Приходот од оваа претстава ќе биде наменет за настраданите од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина...

Во рамки на 42 Мајски оперски вечери во четврток во Македонската опера и балет ќе биде изведена оперската претстава „Фаус“ од Шарл Гуно.

Приходот од оваа претстава ќе биде наменет за настраданите од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина, со што Македонската опера и балет се приклучува на Одлуката на Владата на Република Македонија, за придонес на културните институции за помош на постраданите.

Премиерата на оваа познато дело, кое го обработува и славниот Гете, на сцената на Македонската Опера и Балет, се одржа на 25 октомври 2013 година, по пауза од 30 години. Во претставата ќе настапат: Иван Момиров-Бугарија , во насловната улога, Иван Томашев, гостин од Србија, во улогата на Мефисто, Маргарета: Светската оперска дива, Инва Мула, позната на публиката ширум светот по интерпретацијата на музиката во филмот „Петтиот елемент“, Валентин: Франческо Верна-Италија, Вагнер: Драган Ампов, Зибел: Дарко Нешовски, и Марта: Марика Поповиќ.

Режисер е Марио де Карло од Италија, а диригент Оливер Балабурски.