Здравје

Праска- мало, сочно и слатко овошје

24.07.2023 10:02

Потекнува од Кина, од каде и датираат првите податоци за праската – 1.000 год пне, каде што дрвото на праската се смета за дрво на животот...

Мало, слатко, сочно овошје кое во летниот период нè освежува и нè враќа во живот. Потекнува од Кина, од каде и датираат првите податоци за праската – 1.000 год пне, каде што дрвото на праската се смета за дрво на животот, а самата овошка е симбол на бесмртноста и единството. Токму затоа праската била и омилена овошка на кинеските императори. Подоцна патувајќи преку Персија го добила своето име Prunus persica. Токму во Персија, праската била откриена од Александар Велики, кој преку своите походи ги донел праските во Европа.

Оттука продолжува патувањето на праската низ Европа, за на крај да биде однесена во англиските колонии во Америка. Постојат најмалку шест причини, според Health, да почнете да го јадете ова прекрасно овошје додека е изобилно.

Освен што се одлични се за здравјето на цревата, го зајакнуваат имунитетот, имаат антиоксидантни својства , ја прават кожата поздрава, добри се за видот. Истотака тие можат да помогнат со крвниот притисок.