Македонија
„Лајка“ од денеска заловува бездомно кучиња во Ѓорче Петров
24.07.2023 10:46
Од денеска заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе започне со стратешко заловување во општина Ѓорче Петров...

Од денеска заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе започне со стратешко заловување во општина Ѓорче Петров.
„Имено, нашиот тим на заловувачи оваа недела (24-28 јули) ќе заловува во општина Ѓорче Петров и тоа во следните реони: Ѓорче Петров, Ѓорче 2, Даме Груев, Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука итн. Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче коешто ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман“, информираат од ЈП Лајка.
Доколку граѓаните од гореспоменатите населби имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на [email protected].
