Тенис

Пад на Ѓорческа од 28 позиции

24.07.2023 10:47

Нашата најдобра тенисерка се наоѓа 28 места подолу, во однос на минатата недела, рангирана е на 252. позиција на светот...

Нашата најдобра тенисерка се наоѓа 28 места подолу, во однос на минатата недела, рангирана е на 252. позиција на светот. Причина за тоа се загубени 40 бода, кои лани ги освои со пласманот во финалето во Оломуц во Чешка, во овој период, а оваа година не го одбрани тој дострел и загуби во третото коло.

Две позиции погоре е втората македонска тенисерка која ужива ранкинг, Магдалена Стоилковска, но само поради движењето на конкуренцијата, сега е на 1365. место.