Во Ѓорче Петров мирно, сообраќајот нормализиран

20.05.2014 10:33

Советот и градоначалникот на општина Ѓорче Петров изразија жалење за убиеното момче во близина на Европската очна клиника, но и загриженост за подигнатите тензии...

По синоќешните немири поради убиството на матурант, состојбата во Ѓорче Петров претпладнево е мирна, улиците се празни, а сообраќајот нормализиран.

Советот и градоначалникот на општина Ѓорче Петров изразија жалење за убиеното момче во близина на Европската очна клиника, но и загриженост за подигнатите тензии.

Од општина Ѓорче Петров ги повикуваат надлежните институции на Република Македонија, а посебно Министерството за внатрешни работи да ги превземаат сите нопходни мерки од нивна надлежност за враќање мирот и безбедноста, и заштита на животот и имотот на граѓаните.

Приведен е еден осомничен. Убиството на 18 годишниот Ангел се случило вчера околу 17 часот и 30 минути кога убиецот го украл велосипедот на убиеното момче од дворот на неговата семејна куќа и почнал да бега.

Ангел и татко му го стигнале и при обидот да му го одземат матуранот со нож бил усмртен.

Се собрала поголема група луѓе и барале од полцијата да се расчисти инцидентот. Според МВР, случајот е веќе расчистен.