Гудачкиот квартет „Шуман“ вечерва на Охридско лето
Тројцата браќа Марк, Ерик и Кен Шуман се занимаваат со музика и настапуваат заедно уште од најраното детство, а со виолинистот Фаит Хертенштајн го сочинуваат гудачкиот квартет...

Вечерва на Охридско лето со свој концерт ќе настапи гудачкиот квартет „Шуман“, со Ерик Шуман на виолина, Фаит Хертенштајн на виола и виолончелистот Марк Шуман. Тројцата браќа Марк, Ерик и Кен Шуман се занимаваат со музика и настапуваат заедно уште од најраното детство, а со виолинистот Фаит Хертенштајн го сочинуваат гудачкиот квартет. Сезонава имаа турнеја во Сингапур и во Аделаида во Австралија, два пати во амстердамскиот „Концертгебау“ и три пати во „Вигмор Хол“ во Лондон.
Концертот вечерва ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток во 21 часот. На програмата се дела на Бетовен, Јаначек и Менделсон.
